Касано: Не сум Марадона, но порано мислев дека сум
06/09/2010 13:04
Касано: Не сум Марадона, но порано мислев дека сум


Плејмејкерот на Сампдорија Антонио Касано, има голема желба да го надомести пропуштеното време во националниот состав на Италија.

Касано призна дека не бил во репрезентацијата исклучиво поради негова грешка, но откако новиот селектор Прандели му даде нова шанса не сака да ја пропушти.

„Сакам да се искупам за пропуштеното време, но не можам да ја носам репрезентацијата на рамена. Киелини и Де Роси се предводници на оваа репрезентација.

Ја прифаќам сета одговорност за грешките во минатото. Сега почнувам од почеток и се надевам дека ќе продолжам по правиот пат, зрелоста доаѓа со годините“, вели Касано.

Играчот на Самдорија откри како со врмето повеќе се посветува на тимот, а не на себеси како индивидуалец.

„Порано мислев само како да постигнам гол, а сега сум тимски играч зошто знам дека неможам сам никого да победам. Не сум Марадона, иако порано мисев дека сум. Се чувствувам како многу јак фудбелер сега кога имам 10 соиграчи покрај себе“, заврши Касано.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0436][70]