
Бразилската ѕвезда на Партизан, Клео, кој веќе и официјално е со српски пасош, продолжува да прави „чуда“ во дресот на црно-белите.
Клео постигна вистински гол-убавец при победата на Партизан против Хајдук од Кула.
25-годишниот Клео се претставува на неверојатен начин во почетокот на сезоната, така што веќе има 8 голови на 6 средби во квалификациите за Лига на шампиони.
Неговата форма беше и причина Фудбалскиот сојуз на Србија да му даде пасош, како би настапувал за српската репрезентација, што наиде на голема полемика особено кај навивачите од Ѕвезда бидејќи тој претходно беше нивни играч.
Погледнете: