Вејн Руни е во центарот на нов скандал кој го тресе англискиот фудбал, а таблоидите немилосрдно копаат по неговото минато и врската со проститутката Џени Томпсон.
„Сан“ објави дека во Манчестер Јунајтед сите знаеле за аферата на нивниот играч, кој се надевал дека деталите нема да излезат на виделина, но на негова несреќа сега веќе се знае се.
Инаку, британските медиуми веќе шпекулираат со развод и за тоа колку неговата сопруга
Колин ќе добие после разводот.
„Колин би можела да добие околу 10 милиони фунти после разводот, а бидејќи тие двајцата имаат дете, на мајката мораат да и се обезбедат сите услови. Ноќта која ја провел со друга жена би можела скапо да го чини“, вели
Елен Кер, позната адвокатка.
Освен поради разводот
Руни би можел да изгуби милиони и поради раскинување на спонзорските договори, така што неговиот ПР веќе работи на „контрола на штетата“.
Поврзано: Вејн Руни не се кае што ја изневерувал сопругата