Од раководството на Милан приготвуваат нов тригодишен договор за бразилската суперѕвезда Роналдињо. Шефовите од „Сан Сиро“ меѓутоа сакаат неговата плата да се намали на половина од досегашната. Договорот на поранешниот број еден фудбалер истекува на крајот на годината и тој треба да се сложи наместо досегашните 8, во следните три години да заработува 4 милиони по сезона.
Иако се тврдеше дека сето било веќе договорено и недодтасувал само потпис на Бразилецот, со доаѓањето на новите ѕвезди на „Сан Сиро“,
Роналдињо почнал да се колеба за неговата иднина и платата која ќе ја добива.
Од Милан треба да го решат ова прашање што е можно поскоро, затоа што договорот му истекува на крајот од годината, што значи дека тој може да преговара за слободен трансфер уште од јануари.