Испуштивме голем бод!
04/09/2010 13:38
Испуштивме голем бод!

Македонскиот бедем не издржа, беше соборен дури во 92 минута и тоа по претходно кумување на швајцарскиот судија Киркета.

Македонија одлично го одигра мечот против фаворизираната Словачка, која не го оправда тој епитет. Со цврста игра во сите редови и со тактика преку контра напади и од прекини да се загрозува голот на Муча, Македонија имаше одлични 0:0 се до 85 минута и неколку нереализирани прилики за водство.

Словаците пак, цело прво полувреме немаа ниеден шут кон нашиот гол, а во второто се обиде преку поагресивна игра во нападот да го сруши бедемот пред голот на Нурединовски.

Голем проблем за нашиот состав не беше ниту Вајс, ниту ѕвездата Хамшик, туку младиот Шток кој од левата страна му создаваше главоболки на Шиков, кој заработи жолт картон при еден негов пробив.

И во последните мигови, кога тензијата растеше поради притисокот што го имаа Словаците да забележат победа на домашен терен, токму младиот Шиков се пожали на повреда, а веднаш откако му беше укажана помош, неискусно стана како ништо да не било.




Тоа беше доволно за судијата Киркета да донесе контроверзна одлука, која не би ја донел ниту еден сериозен судија против респектабилен тим.
Му додели втор жолт картон на Шиков, по што настана мешаница во која и селекторот Јонуз доби исклучување.

И потоа нашиот состав падна психолошки, се создаде деконцентрација во одбраната, што го искористи Холошко во 92 минута за незаслужени три бода за Словаците.

Македонија ќе жали за пропуштената шанса, но резултатот и играта треба да биде мотив дека и другите селекции не се непобедливи и дека имаме шанса да направиме изненадување во нашата квалификациска група

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0694][19]