
Актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Уште во првото коло против Волфсбург, се покажа дека нешто не штима. Но, при резултат 1:1 во првата минута од судиското надополнување Швајнштајнгер им донесе три бода на Баварците. Веќе во второто коло стигна новиот удар за Баерн кога беа поразени од Кајзерслаутен со 2:0.
Многумина за така лошите изданија на Баерн прстот го вперуваат во Холандската фудбаска федерација, во чии дрес на СП беше повреден нивниот главен играч Арјен Робен.
Поради сето тоа, како што пишува Дојче Веле, баварците бараат од ФИФА, да им исплати отштета за платата на Робен, а ако овој предлог помине кај ФИФА со сигурност уште некој клуб ќе го направи истото.
Тренерот на Баерн за овој случај само кратко изјави: „Факт е дека Робен е повреден, а исто така факт е дека не се повреди на одмор.“
Поради повреда на левата нога Робен ќе биде надвор од теренот до крајот на годината. Но со оглед што на СП играше не опоравен и беше форсиран од ХФС кој го вратија на терен многу порано, челниците на Баерн со право се лути на ФИФА и на Холансдкиот фудбалски сојуз(ХФС).
„Морам да бидам стрплив. Повредата е многу сериозна и лекарите ми рекоа дека опоравувањето ќе потрае. Во мускулот имам голема дупка и ќе треба време тоа да се излечи“, изјави Робен
Додека траат препукувањата на релација Баерн – ХФС – ФИФА, тренерот Ван Гал го мачат натпреварите кои доаѓаат. На следниот натпревар тие го пречекуваат Вердер Бремен.