Шалке со најскап состав досега
03/09/2010 16:40
Шалке со најскап состав досега

После многубројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.

И покрај долговите од над 250 милиони евра Шалке потроши доста ова лето, така само во последниот ден плати 27 милиони за Хунтелар и Мануел Гаридо.

Убедлив лидер во класирањето во Германија останува Баерн Минхен, чиј состав е 210 милиони. На втората позиција е Волфсбург, предводен од ѕвездите Диего и Џеко, кој е проценет на 119 милиони.

Колку за илустрација најскапо проценета е единаесеторката од Барселона која чини 431 милион.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0318][76]