Плејмејкерот на Лион Јоан Гуркуф тврди дека неговиот нов клуб е поголем од Бордо од чии редови премина ова лето за 22 милиони.
„Кога стигнав во Лион веднаш сфатив за каков клуб станува збор. Огромна структура и организација кои покажуваат дека се поголем клуб од Бордо. Таму е тоа доста поинаку“, вели
Гуркуф.
Французинот тврди дека во Лион преминал поради трофеи а не поради медиско внимание.
„Играм фудбал поради забава и да освојувам трофеи. Се трудам да се заштитам себеси од медиумите затоа што не играм поради нив. Се чувствувам непријатно кога сум во ценарот на вниманието“, заврши Гуркуф.