
Новиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Мурињо внимателно ги следи случувањата кај „росонерите“, затоа што се негови противници уште во групната фаза од Лигата на шампионите.
„Со Ибрахимовиќ и Робињо, тоа е друг Милан. Тие се помеѓу најдобрите во светот“, изјави специјалниот.
„Со сигурност Милан е многу посилен од минатата година. Росонерите сега можат да ја освојат Лигата на шампионите“.
Португалецот потоа кажа и збор два за Ибрахимовиќ, кој многу добро го познава.
„Повеќе ми одговара што Ибра е во Милан а не во Барса. Со Милан ќе играме само два натпревари, а против Барса ќе се бориме цела сезона. Тој е неверојатен играч“, заврши Мурињо.