Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
03/09/2010 11:29
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште

„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.

Англиската репрезентација со стариот предводник Фабио Капело, во петок навечер стартува против Бугарија во битка за Еуро 2012 во Полска и Украина. Англичаните се уште се оправуваат од поразот на СП од Германија, а италијанскиот стратег смета дека за падот на неговата популарност се криви медиумите.

„Создадовте бог, а после тоа направивте чудовиште, зар не е така? Ова е мојата екипа која на СП изгуби само еден натпревар и тоа после голема судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене во потполност се смени. Но за мене тоа не е проблем, јас можам да живеам со тоа. Таква е работата на тренерите, кога победуваш си на врвот, кога губиш си најлош“ изјави Капело и се осврна кон иднината и она што го очекува со репрезентацијата.





„Мораме да играме без страв. Играчите тренираа полни со самодоверба и тоа ќе се види на натпреварот против Бугарија. На последниот натпревар против Унгарија бев малку загрижен поради однесувањето на навивачите, но тие после 10 минути, престанаа со навреди и свиркање и почнаа да не бодрат. Дожни сме им на навивачите, тие се фантастични, најдобри на светот“, додаде Капело.

Потсетуваме, Англија во квалификациите за Еуро 2012 се наоѓа во групата Г заедно со Швајцарија, Бугарија, Велс и Црна Гора.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0247][25]