
Откако Рафаел ван дер Ваарт го напушти Реал Мадрид и премина во Тотенхем, а Роистон Дренте заврши во Херкулес, Реал остана без ниеден Холанѓанец, а во 2008 во тимот имаше дури шестмина.
Пред да заминат споменатите двајца во Реал беа и Руд ван Нистерлој, Весли Снајдер, Арјен Робен и Клас Хунтелар, а за нивните услуги Реал вкупно издвои 127,5 милиони евра.
Холандската колонија се распрсна за симболична сума од 59 милиони, што значи дека неуспешниот експеримент го остави Реал во загуба од 68,5 милиони – без платите и бонусите на фудбелерите.
Председателот на Реал Флорентино Перез никогаш не ги ценел Холанѓаните, и после нивното заминување конечно му олесна, а исто така олеснување покажаа и „лалињата“.
Снајдер и Робен минатата година ги водеа Интер, односно Баерн до финалето од Лигата на шампиони.