Нашата фудбалска селекција денеска одржа прес конференција во Братислава, каде утре на стадионот Пасиенки ќе го одигра првиот квалификациски меч за Евро 2012.
Селекторот
Мирсад Јонуз порача дека Македонија е дојдена да даде гол и да се обиде да извлече поволен резултат.
„Дојдовме овде да дадеме гол. Ке се обидеме да го сториме тоа. Играме против репрезентација која за некои беше изнеандување на Светското првенство, но не и за мене. Словачка има добра селекција на играчи, добар селектор, тимот има карактер, во преден план избива колективот, а токј секогаш исфрла на површина поединец кој може да реши натпревар без разлика дали тоа е
Хамшик, Витек, Сток, Веис“, изјави Јонуз на вчерашната прес-конференција, јавува официјалниот веб сајт на ФФМ.
„Словаците имаат млад тим, но искусен, и со право очекуваат пласман на Европското првенство. Играат дисциплинирано, трпеливо меѓутоа ние сме тука да се обидеме да ги нарушиме нивните сметки. Би бил најсреќен кога би победиле. Но, тоа однапред не може да се каже бидејќи како што е животот авантура, истото важи и за фудбалот“, рече Јонуз, а и
Пандев вели дека ќе биде тежок меч за нас.
„Ја гледав Словачка на СП во мечот со Италија. Но, истото важи и за целата словачка селекција. Ќе биде тежок натпревар за нас, но не се предаваме. Имаме искуство, дел сме од тешка група која ни дава шанса да покажеме дека можеме против секого. Редно време е нашата репрезентација да постигне добри резултати во едни квалификации“, порача нашиот капитен Горан Пандев.
Словачкиот селектор,
Владимир Веис, посочи дека има проблеми со составот. Првично отпаднаа Чех и Шестак, сега неизвесни се Витек и Оравец, но верува дека сите останати што ќе ја добијат неговата доверба и ќе оправдаат.
„Дуелот со Македонија е од големо значење за нас. Очекуваме победа, но не лесна. Играчите се наоѓаат во добра форма и верувам дека ќе го освојат планираниот плен. Повредени се Витек и Оравец чиј настап е неизвесен. Македонија има неколку добри фудбалери. Пред се Пандев, потоа
Попов. Мора да бидеме внимателни бидејќи Македонците дојдоа тука со добри резултати во изминатиот период. Сепак верувам дека квалитетот е на наша страна и дека ќе успееме да победиме. Само треба да бидеме внимателни. Се наоѓаме во тешка група, затоа е важно добро да стартуваме. Математики ќе има доста до крајот, сите репрезентации имаат свои сметки“, изјави Веис.