Скандал: „Марка“ и „Ас“ ги открија валканите работи на Лапорта
02/09/2010 16:49
Скандал: „Марка“ и „Ас“ ги открија валканите работи на Лапорта

Огромни суми на пари,за расходи, на името на клубот давал бившиот претседател на Барселона Жоан Лапорта. Вртоглавите суми биле давани за дискотеки, накит, часовници, билети за натпревари, кетеринг и слично. Скандалозните откритија ги разоткрива „Марка“, според која повеќето детали ќе излезат во септември.

Не беше случајно што Росел уште првиот работен ден го продаде Чигрински во Шахтјор за 15 милиони. Расфрлањето на Лапорта не завршува со сумата од 57 милиони кои ги даде за една година за Ибра (12 за плата и 45 за трансфер плус Ето).

Екс претседателот потрошил и големи суми на име на клубот во дискотеки, најмногу во познатата „Лус де Гас“ каде што медиумите го фатиле како слави со шампањ и пури.

Барселона не се задоволила со 20% билети кои и ги дала УЕФА, за финалето во Рим во 2009 година, и на име на клубот Лапорта потрошил 1 милион евра за билети. За накит и часовници потрошил 420 000 евра, а за прекратување на соработката со клуб од Узбекистан која била задолжителна по настолување на УНИЦЕФ, плакал по 40 000 евра месечно како отштета.

За кетеринг во ложите на „Камп Ноу“ е трошењо прекумерно, така на пример само на еден натпревар вротив Ваљадолид биле потрошени 42 000 евра. Росел веднаш се заложил да ја исфрли таа практика.

Според „Ас“ Лапорта околу половина милион евра потрошил само во последната година за негови чартер летови. Над 190 000 евра потрошил за еден ден за откривањена школа на Барса во Буркина Фасо. „Ас“ информира дека таков центар за цела година чини околу 170 000 евра, Лапорта дал повеќе пари за летови, хотели, и други удобства.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0492][80]