
Реал го нападна менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап, кој изјави дека Баерн нудел дупло повеќе за Ван дер Ваарт.
Рафаел ван дер Ваарт во „минута до 12“ премина од Реал Мадрид во Тотенхем. Холанѓанецот беше незадоволен од минутажата која ја добиваше во „кралскиот клуб“ и желбата му се исплни во последиот ден од трансфер пазарот.
Со овој трансфер беше изненаден и менаџерот на „петлите“ Хари Реднап.
„Не можев да верувам дека го донесовме Ван дер Ваарт. Нудевме 10 милиони евра, но Баерн понуди дупло повеќе“ објаснува Реднап.
Меѓутоа од Сантиаго Бернабе веднаш одговорија на ова.
„Реднап зборува глупости. Од Баерн не добивме никаква понуда. Професионалец не смее да си дозволи да дава такви изјави, зошто ги дестабилизира клубовите“ вели техничкиот директор на Реал, Мигуел Пардеза.