
Новата аквизиција на Милан, Златан Ибрахимовиќ веќе неколку дена е во центарот на вниманието. Играчот кој и официјално стана најскапиот во историјата на фудбалот, за кого се потрошени над 160 милиони евра, не престанува со нападите над поранешниот тренер Гвардиола.
„Гвардиола? Тој е еден мал тренер, кој се крие од проблемите. Во Барса сите беа восхитени од мене, со исклучок на еден човек. Тој не сакаше да ме види. Видов што се случи со Анри, тој целата година ја преседе на клупата. Мене Гвардиола не ми објаснуваше ништо. Јас не сакам да бидам новиот Анри, да седам на клупата и да гледам какво е времето“, изјави Златан.
„Проблемите започнаа во март. Побарав објаснување, одговор. Но Гвардиола не ми кажа ништо. После се видов со новиот председател Сандро Росел, и никој во Барса не сакаше да ме продаде, само еден човек.....
Во Барселона бев пречекан на фантастичен начин, но после март се случи нешто, но јас не разбрав што бидејќи Гвардиола не ми одговори. Еден голем тренер ги решава проблемите, а малиот ги создава“ додаде Ибра.
Швеѓанецот стана само седмиот фудбалер во историјата кој играл за Интер, Милан и Јуве, а за новиот соиграч Робињо тој вели:
„Робињо е волшебник. Во моментов ние го имаме најдобриот напад во Европа. Тренер кој има ваков напад треба да е многу среќен“ заврши Ибра.