Во грчкиот Карпатос, неодамна се одигра турнир на кој силите ги измерија локалните клубови Отос и Апери. Во 56 минута дојде до инцидент, кога фудбалерот во жолт дрес доби исклучување – и почна да го шутира својот противник.
Исклучениот играч потполно ги изгуби нервите. Најпрво го плукна противникот, а потоа го шутна со нога во ребра додека овој лежеше на трева.
Според некои наоди, повредениот фудбалер ќе мора да паузира најмалку три месеци. Сепак имаше вистинска среќа што поминал без скршеници, но заработи хематом под ребрата, па така ќе треба строго да мирува.