Ван дер Ваарт: Ми досади да се борам за место во Реал
02/09/2010 10:52
Ван дер Ваарт: Ми досади да се борам за место во Реал

Новото засилување на Тотенхем, Рафаел ван дер Ваарт изјави дека е многу задоволен од трансферот иако се се случило многу брзо. Тој вели дека му досадило да се мачи за да се докаже во Реал Мадрид.

„Се се случи за многу кратко време. Од Тотенхем се поврзаа со мене неколку часа пред затворање на трансфер периодот и потоа се случи експресно. Јас сум задоволен, двата клуба се зaдоволни така што се е во ред.“

„Долго време се мачев за да се докажам во Реал Мадрид, и мислам дека добро се покажав, но човек сака да биде почитуван и квалететите да му бидат признати. Односот со фановите беше добар, но не можам да го кажам истото за раководството на клубот. После Геманија и Шпанија сега ќе пробам во Англија и многу сум среќен заради тоа“, изјави Ван дер Ваарт .

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0421][91]