Целата Бундеслига потроши колку Манчестер Сити
01/09/2010 18:44
Целата Бундеслига потроши колку Манчестер Сити

Германските фудбалски клубови оваа година потрошија 155 милиони евра за 175 играчи. Тоа е блиску 50 милиони помалку од минатата година кога цифрите беа 221 милион за 172 фудбалери.

Само за илустрација Манчестер Сити потроши 145 милиони ова лето или скоро колку целата Бундеслига.

Најмногу пари потроши Волвзбург, или 38 милиони, а веднаш после него е Шалке 04 со потрошени 36 милиони евра.

Куриозитет но факт: Баерн Минхен, кој минататa година потроши 74 милиони евра, оваа година не потроши ниту еден цент.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0368][95]