Топ 10 клубови кои најмногу потрошија во летниот трансфер период
01/09/2010 14:39
Топ 10 клубови кои најмногу потрошија во летниот трансфер период

Во овој преоден рок повторно се направија интересни трансфери и се сврти голема сума на пари. Лидери во трошењето и овој пат беа Манчестер Сити и Реал, а ништо не заостанува ни Барселона.

Манчестер Сити донесе многу звучни имиња како Јаја Туре, Давид Силва, Александар Коларов и Марио Балотели, а од клубот беа продадени само Робињо и Стивен Ајрланд.

Реал Мадрид ова лето најмногу пари потроши на Анхел Ди Марија, Месут Озил и Сами Кедира, но оваа година пари од трансфери воопшто не инкасира, иако клубот го напуштија Раул, Метселдер и Гути.

Каталонците ги донесоа Давид Виља, Маскерано и Адриано, додека клубот го напуштија Туре, Ибрахимовиќ и Чигрински.

Можеби изненадување се двете руски екипи кои се најдоја во топ десет, Рубин и Зенит.




Главниот играч на трансфер пазарот кој го засени и галактичниот Перез - Шеикот Мансур



Продажба Купување Салдо


Манчестер Сити 36.200.000 € 145.450.000 € -109.250.000 €


Реал Мадрид 0 € 81.000.000 € -81.000.000 €


Зенит 900.000 € 43.000.000 € -42.100.000 €


Рубин Казан 14.000.000 € 43.100.000 € -29.100.000 €


Барселона 45.000.000 € 71.500.000 € -26.500.000 €


Лион 28.000.000 € 4.615.000 € -23.385.000 €


Јувентус 33.375.000 € 56.450.000 € -23.075.000 €


Фенербахче 0 € 22.000.000 € -22.000.000 €


Марсеј 15.600.000 € 37.500.000 € -21.900.000 €


Челзи 16.500.000 € 38.000.000 € -21.500.000 €

Исто така помеѓу овие клубови кои најмногу потрошиле ова лето треба да ги спомнеме и Џенова која потроши 41.400 милиони, и Волфзбург со потрошени 38.900 милиони.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1408][74]