Нина – Лариса 1:0
01/09/2010 12:33


Српскиот топмодел Нина Сеничар ја грабна „Златната палма“ во анкетата која ја спроведе медиумската група на Силвио Берлускони – „Медиасет“, за најжешка убавица за месец август.


Бившата девојка на тенисерот Новак Ѓоковиќ доби 34% од гласовите на учесниците во анкетата, оставајќи ја зад грб жешката Парагвајка Лариса Рикелме




Дури и жешките фотосесии на кои Лариса го соголи целото тело не и помогнаа да собере повеќе од 20%.




Што се однесува до Нина Сеничар таа е една од најпознатите лица на Апенините. Откако беше избрана за мис Србија во 2001 година, таа замина во Милано, каде што живее до ден денес. Во 2006 година името и беше поврзувано со Ерос Рамазоти, со кого имаа кратка љубовна романса.




Во април 2009 година Нина му ја заврти главата на сонародникот Новак Ѓоковиќ. Меѓутоа жешката романса не траеше многу па така во почетокот на оваа година италијанските медиуми пишуваа за нејзиниот флерт со фудбалерот Марко Бориело .





Жолтата штампа на ’Чизмата’ пишуваше и за нејзината тајна врска со кошаркарот Марко Јариќ, кој е сопруг на супермоделот Адриана Лима, но таа тоа го негираше

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0321][83]