Поранешниот француски репрезентативец Давид Трезеге кариерата ќе ја продолжи во новопечениот шпански прволигаш Херкулес од Аликанте. „Сакав да заиграм во шпанската лига. За мене е тоа важна цел во кариерата. Многу сум среќен што ќе имам прилика да го исполнам својот сон. После 10 години проведени во Италија и играње за голем клуб како што е Јувентус, каде бев најдобар странски стрелец, ова е за мене нова авантура“, коментира Трезеге кој потпиша двегодишен договор со Херкулес.
На Трезеге Херкулес му е четвртиот клуб во кариерата, после Платенсе, Монако и Јувентус каде постигна 171 гол во 320 натпревари. Зошто баш Херкулес многу се прашуваат, а одговорот лежи во фактот дека неговата жена
Беатрис е Шпанка токму од Аликанте.
„Не знам дали ќе играм против Барселона, но сум сигурен дека ќе играм против Валенсија“, додаде францускиот напагач, алудирајќи на дуелот кој е во распоредот во 3 коло од Примера.