
Откако синоќа постигна прекрасен гол во брилијантната победа на неговиот Атлетико против Спортинг Хихон, денес напаѓачот Хозе Мануел Хурадо веќе е играч на Шалке 04.
Синоќа Атлетико Мадрид го прегази Спортинг Хихон со 4:0, во фуриозна игра во која брилијираа напаѓачите Хурадо, Кун Агуеро и Форлан.
Можеби изненадувачки, но откако вчера постигна гол, денес е објавено дека Хосе Мануел Хурадо официјално е играч на Шалке 04. Двата клуба постигнаа договор со кој мадриѓаните ќе инкасираат 11 милиони евра (плус 1 милион бонус).
Договорот на 24-годишниот Aндалузиец е со продолжение од 4 години.
Синоќа Хурадо се збогува од „Висенте Калдерон“ на најдобар можен начин, одбележувајќи погодок при победата на Атлетико на Спортинг Хихон со 4:0. Погледнете го: