19 коло од руското фудбалско првенство не понуди ништо спектакуларно, но затоа уште долго време ќе се прераскажува „генијалниот“ потег на голманот на Рубин од Казан.
Спартак од Налчик на свој терен ни крив ни должен извлече бод од фаворизираниот Рубин, а за тоа намногу треба да му заблагодари на неверојатниот потег на голманот Сергеј Рижиков.
Одбранбениот играч на Спартак, Милан Јовановиќ при водство од 1:0 на гостите, упати една топка кон нападот, која леташе отприлика седумдесетина метри, го прескокна Рижиков и влезе во мрежата. Најдобри беа коментаторите на преносот кои на оригинален начин го прокоментираа потегот на голманот – со искрено смеење. Погледнете како тоа изгледаше.