Видео: Легендарниот голман го постигна својот 90 гол
30/08/2010 16:53
Голманот на Сао Паоло, Рожерио Сени (37), кој го носи епитетот надобар стрелец меѓу голманите во неделата го постигна својот 90 гол во кариерата. Со тој гол Сени му помогна на своите соиграчи да одиграат нерешено на гостувањето кај Флуминенсе.
Откако Флуминенсе поведе во 9 минута со деби погодокот на Деко, во 34 минута со гол од слободен удар израмни легендарниот голман на Сао Паоло. Минута подоцна Сао Паоло поведе со голот на Фернандао, а конечните 2:2 ги постави Еузебио во 59 минута.
Рожерио Сени е член на Сао Паоло од 1990 година, и има одиграно веќе 900 натпревари и 2 пати освојувал Либертадорес куп.
Од голманите кои се имаат истакнато со своите голгетерски способности треба да се издвои Хозе Луис Чилаверт (62гола), Хорхе Кампос (38гола) и Колумбиецот Рене Игуита (38).