Прва победа на Ливерпул, пораз на Сити, Челзи повторно без примен гол
30/08/2010 11:56
Прва победа на Ливерпул, пораз на Сити, Челзи повторно без примен гол

Дури во третото коло Ливерпул со тешки маки го победи Вест Бромвич Албион со 1:0, додека Сандерленд со истиот резултат го порази амбициозниот Манчестер Сити. Челзи повторно без примен гол!

За Ливерпул се изгледа подобро кога Торес погодува. Шпанецот беше творец на победата на ’Црвените’ со 1:0 над Вест Бромвич, со голот што го постигна во 66 мин.

Манчестер Сити изгуби од Сандерленд со 1:0, а на тој натпревар имаше двајца трагичари. Првиот е Тевез кој промаши празен гол уште во првото полувреме, а вториот е Ричардс кој направи пенал во 90 минута.

Челзи повторно победи но овојпат со „само“ 2:0 и повторно не прими гол, a од него поубедлив беше Манчестер Јунајтед кој го победи Вест Хем со 3:0.

Тотенхем беше шокиран на „Вајт Харт Лејн“ од Виган со 0:1, а гостинска победа оствари и Арсенал совладувајќи го Блекбурн со 1:2

Со идентичен резултат 2:2 завршија натпреварите Болтон со Бимингем, и Блекпул со Фулам, а со реми се задоволи и Њукасл на гостувањето кај Волвс.

Астон Вила победи на домашен терен во последниот натпревар од ова коло против Евертон со 1:0.

Голови од некои од натпреварите од третото коло погледнете овде!

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0505][90]