Видео: Мурињо со кикс на дебито, Барса фуриозна
30/08/2010 11:11
Видео: Мурињо со кикс на дебито, Барса фуриозна

Кандидатот за шампионската титула Реал Мадрид започна со реми 0:0 на гостувањето во Мајорка, додека пак Барселона повторно беше фуриозна.

Во дебито на Мурињо „белите“ играа под очекувањата, без многу шанси за гол, и без голема енергичност во нападот. Иако Мурињо после натпреварот изјави дека неговите играле многу добро сепак тоа малку кој го забележа на теренот.





За разлика од Реал пак, Барселона почна повторно по старо и продолжи онаму каде што застана минатат госина. Таа со убедливи 3:0 го совлада Сантандер на гостински терен. Голот првенец во Барса го постигна Виља, погодија и Меси и Иниеста.

Севиља и Валенсија беа убедливи на гости против Леванте односно Малага, а исто победа на гости оствари и Билбао совладувајќи го Херкулес со 0:1.

Во останатите мечеви Депортиво со Сарагоса, и Осасуна со Алмериа, ремизираа со идентичен резултат 0:0. Еспањол го совлада Гетафе со 3:1, а исто и Реал Сосиедат го совлада Виљареал со 1:0.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0296][22]