Колумна: Венгер – синоним за убавина или апсурд
27/08/2010 12:54


Пишува: Петар Кузманоски



Фудбалот се игра за трофеи. Тоа го знаат сите. Го знаат и навивачите на Арсенал и играчите, го знае и самиот Венгер или фудбалскиот Сизиф.

Венгер е веќе 12 години во Арсенал, неговиот француски шарм е познат по целиот свет и освојува. Освојува и начинот на кој неговите избраници ја играат оваа игра. Големиот број на пасови, кои се снајперски точни и тоталниот фудбал се празник за очи. Но, дали е тоа само целофан, со кој што Венгер умешно сокрива нешто? И дали е сето тоа доволно?

Арсенал е еден од најголемите клубови во светот. Тој под водство на Французинот добива светска препознатлиовост и многу фанови насекаде по глобусот. Арсенал е синоним за убав фудбал, за перфектен скаутинг, за совршена трансформација од талент во „играчиште“, и сето тоа благодарение на Венгер, тоа е неспорно. Но, дали големите клубови како Арсенал треба да освојуваат трофеи? Дали Арсенал е тим што го заслужува и eвропскиот трон?

Се разбира дека ДА.

Венгер е алфа и омега во овој гигант. Тој е најскапоплатената личност во овој клуб, тој е човекот со најголема моќ на одлуки во истиот. Се разбира тој треба да биде и најодговорниот за тоа што овој гигант е без трофеј.

И зошто секоја година Арсенал е силен, но не доволно, блиску до врвот, но не на врвот и до кога фановите на Арсенал безрезервно ќе му веруваат на Сизиф (ќе прочитате подолу зошто го нарекувам така) и ќе се задоволуваат со убав фудбал. Пред почетокот на секоја сезона истата слика и секогаш истите прашања.

И додека фановите на Манчестер и Челзи се радуваат на трофеи, кои рака на срце се освоени со убав фудбал и исто така препознатлива филозофија, фановите на Арсенал се прашуваат едно и исто: Дали Фабрегас ќе не напушти? Дали Вилшир или некое друго дете ќе го достигне нивото на Шпанецот? До каде ќе стасаме оваа година? И секогаш истото и секогаш блиску, а сепак далеку од врвот.

Тоа што секоја година една од ѕвездите е на излезна врата и нема така голема врска со финансиите, иако Венгер се обидува да не убеди во тоа. На големите ѕвезди им досадува да играат фудбал за публика и одат да бараат трофеи.

Ако погледнете само дека во последниве неколку години истиот Венгер има потрошено многу солидна сума на пари за Насри, Аршавин, Вермален, Едуардо и така натаму ќе се уверите дека во градењето на квалитетен тим не му недостасуваат финансии туку нешто друго.

Кога веќе го спомнав Фабрегас, тој е само доказ за умешноста и квалитетите на Венгер, кои јас не ни помислувам да ги оспорувам, но кога го гледам ме потсетува на Сизиф. Мислам дека секоја година се обидува да го направи невозможното.

Ако го споредите Сизиф и Венгер ќе видите дека и нема голема разлика. Сизиф одново и одново го турка каменот обидувајќи се да стаса до врвот, а Венгер одново и одново се обидува да ја освои Премиер Лигата. Дали Сизиф ќе стаса до врвот?

Во Митот не, а во Премер лигата останува да видиме.


На страниците на Спортски ќе бидат објавувани колумни и ставови на новинари, уредници, како и на ’обични’ вљубеници во фудбалот. Редакцијата на Спортски, може, но и не мора да се согласува со ставовите на авторите. Доколку сакате и вие да учествувате со ваши ставови и колумни на страниците на Спортски.мк контактирајте со нас на нашиот е-маил info@sportski.mk.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0257][29]