
Горан Пандев ќе игра против Вердер, Тотенхем и Твенте, а во Г групата ќе има р`шум. Реал и Милан повторно заедно, овојпат со силните Ајакс и Оксер.
Вечерва во Монако беше извршена ждрепката за групите од Лигата на шампионите, во која шампионот Интер на нашиот Горан Пандев доби интересна група во која ќе му се спротистават Вердер, Тотенхем и Твенте.
Во групата Ц, Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Валенсија, Ренџерс и Бурса, а во групата Д повторно ќе се соочат Барселона и Рубин Казан, овојпат заедно со Панатинаикос и Копенхаген.

Се разбира најинтересна ќе биде групата на смртта Г, која е екстра шампионска група. Во неа ќе играат деветкратниот првак Реал, против седумкратниот Милан, четирикратниот Ајакс и францускиот претставник Оксер.
Другиот наш претставник во ЛШ, Александар Лазевски кој настапува за Партизан ќе игра против Арсенал, Шахтар и Брага.