Видео: Роналдињо пречекан како ’Бог’ на Ноу Камп
26/08/2010 11:55


Синоќа се одигра натпреварот меѓу Барса и Милан за трофејот „Жоан Гампер“, но сите очи беа вперени во бразилската суперѕвезда Роналдињо, кој пет сезони го носеше дресот на Каталонците. Бразилецот за прв пат се врати на Камп Ноу откако замина во Милан и беше дочекан со огромни овации како вистински херој.

Пред почетокот на мечот имаше презентација на сениорскиот состав на Барселона, кој лани ја освои Примера, а проштален круг истрча и довчерашниот претседател Жоан Лапорта.




Потоа, во знак на благодарност за Рони беше пуштен на видео бим пренос од маѓиите кои Бразилецот ги правеше во дресот на Барса.

Пред почетокот Роналдињо беше поканет од капитенот Пујол за да направат општа фотографија со останатите играчи на Барса, а после крајот на мечот позираше заедно со трофејот.









Атмосферата кулминираше кога Рони реши да истрча почесен круг околу стадионот, тогаш имаше дилириум од гледалиштето, а можеа да се видат и солзи.




Инаку натпреварот заврши со резултат 1:1, а Барселона успеа да победи на пенали и да го освои трофејот Жоан Гампер.

Стрелци беа едни од најдобрите гол мајстори во фудбалот Виља и Инзаги. За Шпанецот тоа беше првиот гол во дресот на Барса, а за Италијанецот еден од најубавите во дресот на Милан.








Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0286][105]