
Најбрзиот човек на светот стана и најплатен светски спортист. Така барем тврдат од Пума, кои за новиот спонзорски договор на Усеин Болт наводно ќе му исплатат 100 милиони долари. Германската компанија призна дека се работи за најскапиот договор во историјата на атлетиката.
Најбрзиот човек на светот Усеин Болт стана и најскапоплатениот атлетичар, благодарение на договорот што го потпиша со Пума до 2013 год.
Германската компанија не открива колку е точно сумата која ќе му ја даде на Јамајканецот, но наведе дека се работи за далеку најголема сума која некогаш се исплатила на некој спортист во светот.
„Добро е човеку пресреќен сум, многу сум среќен со износот“, призна Болт во разговор со агенцијата АФП.
Иако деталите не се познати, се претпоставува дека Болт добил преку 100 милиони долари, затоа што толкав износ (115 милиони) му нудеше и една кинеска компанија за да ја рекламира.
Јамајканецот и остана верен на Пума со која работи уште од јуниорските денови. Првиот договор го потпиша уште во 2003 година, а со послединиот се обврзува до 2013 година и ќе биде централна фигура на Олимпијадата во Лондон 2012.
Усеин Болт е вистинско откритие во атлетиката. Тој со својата атрактивност и физички предиспозиции успеа да го врати стариот сјај на атлетиката. Начинот на кој комуницира со публиката му помогна неговата популарност да се крене во невидени височини последниве две години.
Болт е светски рекордер на 100 и 200 метри, неговите рекорди се вистинско чудо за атлетските аналитичари, кои трошат многу време да дознаат до каде може да оди овај атлетски генијалец. Неговите рекорди изнесуваат 9,58 на 100 метри односно 19,19 на 200 метри.
Претходно најскапиот договор го имаше Елена Исинбаева со кинеската компанија „Ли Нинг“ за кој наводно добивала 7,5 милиони долари.