
Реал Мадрид под водство на Мурињо го освои првиот пехар против уругвајскиот Пењарол, но за трофејот Сантјаго Бернабе имаше вистинска војна. Тоа најубаво го почуствува по своите нозе Кристијано Роналдо.
Трофејот Сантијаго Бернабе се одржува од 1979 година, во чест на легендарниот претседател на Реал. Во последните неколку години се игра само еден натпревар – Реал против некој угледен противник.
Оваа година противник му беше уругвајскиот шампион Пењарол, кој поприлично ги намачи домаќините, особено Роналдо.
Уругвајците ги удираа противничките фудбалери со сите оружја, а Кристијано трпеше се до еден момент кога за малку ќе се испотепаше со противничкиот играч Егидио Аревало.
И покрај големиот отпор на Уругвајците победата му припадна на домаќинот, најмногу благодарение на прекрасниот потег на новајлијата Ди Марија. 22-годишниот Аргентинец покажа зошто „кралевите“ го платија 25 милиони евра. Конечните 2:0 ги постави Рафаел ван дер Ваарт од единаесет метри.