
Веројатно најморбидниот натпревар оваа година се одигра во бразилска аматерска лига. Непрестаните приговори, толку го излудија судијата што извади нож и до смрт го избоде еден од играчите.
Спортската трагедија се случи во неделата во бразилското гратче Бареиро, 72 километри од Форталезa, при локалното дерби помеѓу Бареиро и Реденсион.
26-годишниот судија Франциско Едио Григорио Чавес одлучи правдата да ја подели на досега незапамтен начин, за кој неколку дена после зборува цел Бразил.
Имено 28-годишниот играч на Бареиро, Жосе Рамос да Силва приговарал кон судијата Чавес заради еден досуден прекршок, по што дошло до жолчна распавија која завршила со шок на навивачите и сите на теренот.
На сред расправија Чавес од дресот извадил нож и неколкупати го избодел Да Силва во градите. Несреќниот играч за жал почина, пред да дојде брзата помош.
Во терен втрчал и братот на сега починатиот обидувајќи се да даде помош, меѓутоа судијата психопат и него го нападнал со четири убоди во грб, и потоа побегнал. Братот на починатиот играч не е во животна опасност.
Полицијата тврди дека ни напаѓачот ни жртвите немале полициско досие.