Го сакав Коларов, но ни Реал не може против Сити
24/08/2010 12:03


Жозе Мурињо призна дека Манчестер Сити се најдоминантниот фактор во трансфер пазарот, и дека Реал не успеал да ги победи во трката за Александар Коларов.

„Ако некој проба да се бори со нив, мора да знае дека ќе биде многу тешко. Тие доминираат на трасфер пазарот. Тој кој што тие го сакаат, набрзо станува нивни играч“, рече Мурињо.

„Кога дојдов овде сакав да го купиме Коларов, но не можев да се борам против нив. Тие отидоа некаде каде што јас веќе не можев да ги следам. Имаат пари, а и амбиции да ја освојат Премиер лигата. Верувам дека Сити, Челзи и Јунајтед се спремни за борба за трофеј.“

Подоцна Португалецот напомена дека не постои никаква шанса Адебајор или Дрогба да дојдат во Реал.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0344][81]