
Јохан Воскамп е името на 25-годишниот холандски напаѓач, кој имаше неверојатно деби за својот нов клуб, Спарта од Ротердам.
Имено Воскамп во петокот постигна дури осум погодоци во натпревар од втората холандска лига помеѓу Спарта и Алмере Сити. Спарта која играше со играч повеќе од 17 минута, победи со неверојатни 12:1.
Воскамп оваа сезона се пресели во Спарта од редовите на Хелмонд Спорт, а ако продолжи вака да ги тресе противничките мрежи, па макар и во втората лига може да падни во очи на некои фудбалски стручњаци, па зошто да не и на селекторот Берт ван Марвијк.
Погледнете: