Новото бразилско чудо од дете Нејмар одби да ја продожи кариерата на „Стемфорд Бриџ". Тој го одби трансферот во шампионот на Англија со објаснување дека парите не носат среќа , и потпиша нов 5-годишен договор со Сантос.
„Пред да ја донесам одлуката се посоветував со татко ми, а тој секогаш го сака најдоброто за мене. Мислам дека парите не носат среќа. Останувам во Сантос. Јас имам само 18 години и сум премногу млад за такви сериозни промени во кариерата. Сакам да останам тука барем до слениот „Копа Либертадорес", изјави Нејмар.
Бразилската сензација беше мета на Челзи преку целото лето, и 'сините' беа спремни да платат 25 милиони евра за да го донесат.
Сите во Бразил - од легендата Пеле, па до новиот селектор Менезес, па дури и министерот за спорт во Бразил работеа на тоа да го убедат Нејмар да остане во татковината.
18-годишниот талент, кој стана познат како новиот Пеле веднаш после појавувањето во првиот состав на Сантос, е најкоментираниот млад фудбалер на денешницава. Тој заедно со неговиот колега Паоло Енрике - Гансо се вистинска фудбалска сензација и се посакувани од многу гиганти во Европа.
На прес конференцијата после потпишувањето на договорот, претседателот на Санос, соопшти дека од 1 декември неговата клаузула ќе биде поставена на 45 милиони евра.