
Пишува: Петар Кузманоски
Иако оваа година во Мадрид нема помпезни и луксузни претставувања на играчи, тимот на
Флорентино Перез по се изгледа ја сменил само надворешната форма, но суштината останува иста.
Бркотница и хаос како и минатите сезони. Оваа година главниот 'галактичен' трансфер е тренерот. Почитуваниот господин
Мурињо требаше да биде тој што ќе ја промени хиреархијата и ќе биде главен во одлучувањето за доаѓање и заминување на играчи.
Меѓутоа не е така, низ клупските канцеларии продолжуваат да парадираат оние „чираци", кои од година во година докажуваат дека се неспособни да состават кадарен тим. Затоа колку и да е добар еден тренер, доколку не му ги донесете играчите што ги сака и не му дадете одврзани раце го осудувате на пропаст.
Циркузот започна кога 'Специјалниот' го побара
Маикон, но не му беше донесен. За да биде перверзијата поголема трансферот пропадна за само 2 милиони евра, кои се само влакно за апсолутните кралеви на трансфер маркетот.
После неуспешните обиди за ангажман на друг дефанзивец кој ќе биде по мерка на Португалецот, тој мораше да се задоволи со веќе стариот и истрошен
Карваљо. А дека Жозе е само последана дупка на кавалот и дека се е по старо, се виде кога
Валдано се прави 'на удрен' на молбите од Португалецот за трет напаѓач.
Тогаш 'специјалниот' не издржа и призна: „Јас сакав да остане
Раул, но не можев да влијаам на раководвтвото."
Како замена беше донесен
Серхио Каналес, како една од најголемите надежи на шпанскиот фудбал. Иако се знае дека на таа позиција ја имаат и суперѕвездата
Кака, и солидниот
Рафаел ван дер Ваарт, Перез не издржа многу - го донесе и
Озил.
Озил е одличен фудбалер, но релативно зелен и неискусен, па веројатно и тој ќе изгори во 'Гробницата за фудбалери' наречена Реал Мадрид.
Чираците околу Перез се уште не ја научија лекцијата со
Снајдер и Робен, кои Реал ги избрка, а токму тие сега се главни фаворити за Златната топка. Истото оваа година му се спрема на
Ласана Диара, кој ќе биде заменет од исто така недоволно искусниот
Сами Кедира.
Иако после сето сето ова Мурињо се брани дека не оваа година, ами другата треба да биде вистинската сезона, баш таа наредната, којзнае дали ќе ја дочека. Во секој случај 'Специјалниот', си легна на брашното и нема ни „А" од неговата ароганција. Затоа единствено што може да му се каже е: Да ви е напомош Свети Икер Касиљас!
На страниците на Спортски од денес па натаму ќе бидат објавувани колумни и ставови на новинари, уредници, како и на ’обични’ вљубеници во фудбалот. Редакцијата на Спортски, може, но и не мора да се согласува со ставовите на авторите.Доколку сакате и вие да учествувате со ваши ставови и колумни на страниците на Спортски.мк контактирајте со нас на нашиот е-маил info@sportski.mk.