
Британските медиуми објавуваат дека Французинот денеска е во Лондон каде ќе изврши медицински прегледи, и ќе стави потпис на едногодишен договор со Тотенхем.
Бившиот капитен на лутиот ривал Арсенал ќе биде второто засилување за Тотенхем по бразилецот Сандро од Интернационал, кој треба да пристигне утре во Лондон.
Деталите за висината на неговата плата не се познати, но менаџерот Хари Реднап е многу задоволен од доѓањето на Галас.
Британските медиуми пишуваат и дека Тотенхем ќе тргне по Ласана Диара од Реал Мадрид и Стивен Пиенар од Евертон.