
Шеикот Мансур, кој во последниве две години го смени целиот тек на транфер пазарот во Европа, не се откажува од намерата Сити да го направи најдобар клуб во Англија.
Имено, нерезонските суми кои неделно ги дава за плати, за и не така врвни фудбалери, за него не се проблем. Само за плати потрошил 487,8 милиони фунти.
За трансфери потрошил 355 милиони, а купувањето на клубот го чинело 210 милиони. Со доаѓањето на Џејмс Милнер во Сити за 24 милиони сефкупната бројка надминува фантастични 1 милијарда фунти.
Дали шеиците се само “фудбалски камикази“, како што ги етикетираше сер Алекс Фергусон или навистина ке го направат Сити врвен клуб останува да видиме.
Ако е за утеха за другите, Роберто Манчини најави дека завршиле со шопингот ова лето.