Манчини: Не ме интересира Фергусон и тој се расфрлаше со пари
19/08/2010 16:42

Менаџерот на Манчестер Сити Роберто Манчини не му остана должен на Алекс Фергусон и одговори на критиките дека граѓаните самоубиствено трошат пари.


Искусниот шкотски стратег на „црвените ѓаволи“ пред неколку дена мошне критички се осврна на градскиот ривал за многуте потрошени милиони при ангажманот на новите фудбалери.


Според сер Алекс стотиците милиони фунти кои ги даваат сопствениците на „граѓаните“ се еднакви на вистинско самоубиство и воопшто не гарантираат брзи успеси.


Манчини тврди дека и Фергусон во минатото го правел истото. „Сите големи клубови како Манчестер Јунајтед во минатото трошеа многу пари за трансфери. Не мислам на периодот пред 15 години, туку во последниве две-три години, а можеби и повеќе“, изјави Манчини.


„Не ме допира тоа што зборува Фергусон, бидејќи и тој потроши многу пари на трансфери.“


Најпознати промашувања на сер Алекс во минатата деценија се Ерик Џемба Џемба, Дејвид Белион и Бразилецот Клеберсон. За истакнување е и трансферот на Верон вреден 28 милиони фунти, а сите знаат како Аргентинецот си помина на Олд Трафорд.


Овен Харгривс беше донесен за 17 милиони фунти од Баерн, а за три години одигра само 26 натпревари поради хроничните повреди на коленото, додека пак Бербатов беше платен неверојатни 30.75 милиони фунти, а воопшто не беше во прв план.


Како промашување на сер Алекс му се припишува и трансферот на Диего Форлан, кој откако беше продаден двапати стана најдобар стрелец во Европа, а на последниот Мундијал беше прогласен за најдобар фудбалер.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0349][27]