
Непосредно по пристигнувањето во Реал со кого германскиот интернационалец потпиша шестгодишен договор, Озил даде интервју за новиот клуб, за кого нормално, има само убави зборови.
„Можам да кажам дека сум многу задоволен што целата ситуација доби среќен завршеток. Во Реал ќе се стремам кон понатамошен личен напредок и многу сум задоволен што ќе соработувам со Мурињо.“
„Секогаш сум сконцентриран исклучиво на тешка работа, таква ми одговара затоа што јас сум во петта брзина.“
„Сакав да работам со Мурињо, тој е најдобриот тренер во светот. Разговаравме со него и тој ме увери дека доаѓањето овде е вистинско решение за мене.“
Озил уште напомена дека ќему преставува задоволство да игра покрај Кристиjано Роналдо и Кака и дека дошол во Реал да освојува трофеи.