Диего со сигурност останува во Јувентус и во идната сезона и покрај многуте шпекулации кои проструија за него овој трансфер период.
„Диего со сигурност останува во Јуве. Шпекулациите за негов трансфер воопшто не не интересираат. Тој докажа дека е голем играч и со сигурност ќе игра против Штурм“, изјави Дел Нери.
Тој прокоментира и за моменталната ситуација на тимот. Според него тимот не е во оптимална состојба, особено во кондицијата на фудбалерите. Ние ќе излеземе мобилизирани, противникот е многу мотивиран, но нашата цел е победа“, заврши Дел Нери.