
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го освоија Комјунити Шилд, англискиот Суперкуп, откако на Вембли пред 85.000 гледачи го совладаа Челзи со 3:1. Ова е веќе петти меч со ред што го губат фудбалерите на Анчелоти.
Головите за тимот на Алекс Фергусон во премиерниот меч сезонава ги постигнаа Валенсија во 41, новото засилување Мексиканецот Хернандес во 76, и Бербатов во последните минути од мечот. Единствениот гол за Челзи беше дело на Саломон Калу во 83 минута.