
Се играше 74 минута, а Јувентус пред своите навивачи имаше само 0:0 со ирски Шамрок. Но, тогаш на сцена настапи Дел Пјеро кој со прекрасен гол го матираше противничкиот голман и покажа како се бори за својата сакана Стара дама. А, во ноември ќе наполни 36!
Алесандро Дел Пјеро практично целата фудбалска кариера ја помина во Јувентус, каде ги држи рекордите за најмногу настапи и постигнати голови. Во овие 17 години постигна над 270 голови, но особено драг ќе му биде и овој против ирски Шамрок.
Дел Пјеро влезе во вториот дел и го реши мечот на 15 минути пред крајот со прекрасен слободен удар од 30 метри. Капа долу за мајсторот!
Инаку Јувентус од првиот меч имаше резултат 2:0, па со вкупни 3:0 се пласира во следното коло од Европа лигата.