Американскиот прволигаш, Њујорк Ред Булс ги договори сите детали со капитенот на Мексико, Рафаел Маркез.
Фудбалерот на Барселона ќе биде најверојатно претставен во петок, а ќе потпише тригодишен договор според кој ќе заработува околу 3 милиони долари годишно.
Маркез во Њујорк ќе му се придружи на Тиери Анри кој во ’Големото јаболко’ исто така стигна од Барселона, а на своето деби успеа да постигне и погодок против Тотенхем.