Фиорентина одби 30 милиони за Јоветиќ
28/07/2010 19:07


Управата на Фиорентина одби понуда од Манчестер Сити вредна 30 милиони евра за црногорскиот репрезентативец Стеван Јоветиќ.

Спортскиот директор на Фиорентина Панталео Корвино призна дека ја одбил 30 милиони евра вредната понуда од Манчестер Сити.

„Сити ни понуди 30 милиони евра, но ние им кажавме 'не'. Клубот посакува да ги задржи сите свои ѕвезди во своите редови“, изјави Корвино за ’Кориере дело Спорт’, а таквата намера ја потврди и претседателот на клубот Марио Коњини, продолжувајќи му го договорот на капитенот Рикардо Монтоливо кој беше на мета на Јувентус.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0260][35]