
Спектакуларниот судир на два камиони ја прекина трката од Формула Трак серијата, која се одржуваше во Интерлагос, Бразил.
Возачот Бруно Жункера изгуби контрола над камионот откако му откажале кочниците при влегување во свиок. Жункера во четвртиот круг при голема брзина буквално се заби во камионот што го возеше Дуимар Буено, откинувајќи му ја кабината.
Буено за огромна среќа од кабината излезе неповреден, додека Жункера беше заглавен во неговата смачкана кабина. Напомош дојдоа редарите заслужени за безбедност на патеката, по што беше префрлен в болница со полесни повреди.