
Во кратко известување на официјалната веб страна, аргентинската фудбалска федерација соопшти дека Марадона нема веќе да биде селектор на репрезентацијата.
Извршниот одбор на Аргентинската Фудбалска Федерација одлучил да не го продолжи договорот со Диего Марадона како селектор на репрезентацијата.
Марадона, 49, репрезентацијата ја водеше на квалификациите за Светското Првенство и на завршницата.
И покрај слабите резултати на почетокот, тој сепак успеа да обезбеди пласман во Јужна Африка, каде што неговата репрезентација беше поразена од Германија во 1/4 финалето.