
Новото засилување на Мајнц, Драган Георгиев почна да се наметнува во својот нов тим уште на припремните натпревари.
На пријателскиот меч во Грција, меѓу Панатинаикос и Мајнц славеше тимот на нашите интернационалци Николче Новески и новото засилување Драган Георгиев и тоа со 0:2.
Првиот гол беше дело на Харуна Бабангида во 35 минута, додека во вториот дел, откако влезе во 62 минута, по само 12 минути Драган Георгиев постигна прекрасен гол. Искусниот Николче Новески беше стартер за неговиот Мајнц.
Георгиев, кој има само 20 години во Мајнц пристигна на позајмица од Хоризонт Турново.