Каморанези на мета на Милан
27/07/2010 19:37


Милан е последниот во низата клубови заинтересирани за Мауро Каморанези.

Италијанскиот репрезентативец со аргентинско потекло има договор со Јувентус до 2011 година, но клубот му даде слобода евентуално да си бара нов клуб.

Тутоспорт информира дека по поразот на Милан од Варесе, Џузепе Марота и Луиџи дел Нери имале средба со Ариедо Браида и Адријано Галијани на која зборувале во врска со Каморанези.

Според гласините, веќе е договорен преминот на Итало-Аргентинецот во Милан.

Каморанези веќе ги одби понудите на Олимпијакос, шпански Херкулес и Клуб Америка, барајќи да игра во врвен клуб.

Од друга страна, Берлускони подолго време го стега кесето и собира истрошени или слободни (евтини) фудбалери, така што логично е 33-годишниот Каморанези да го засили ’старечкиот дом’ од Милано, особено по изјавата на Алегри дека ќе бара засилување во средниот ред.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0264][34]