Челзи го сака Бегиристајн за спортски директор
27/07/2010 18:54


Управата на Челзи му го понуди местото спортски директор на легендата на Барселона Чики Бегиристајн.

Бегиристајн на истата функција работеше во каталонскиот клуб, а ја напушти по прогласувањето на новиот претседател Сандро Росел.

Бегиристајн имаше одлична соработка со поранешниот претседател Жоан Лапорта и во нивна режија Барселона во 2009 освои шест трофеи.

На Стемфорд Бриџ очекуваат одговор до септември што ги поремети плановите на 45-годишниот стручњак кој сакаше да се одмори до јануари.

Роман Абрамович е подготвен да му понуди на Бегиристајн секаква слобода во врска со трансферите и тренерскиот персонал.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0246][44]